Петрушевски: Главниот обвинител Коцевски избра да биде штитот на СДС
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изјави дека главниот обвинител Љупчо Коцевски избрал да биде штит на Социјалдемократскиот сојуз, а тие, како што рече, го бранат по секоја цена за да не одговараат за, според него, бројните криминали изминатите седум години.
Петрушевски истакна дека Коцевски нема легитимитет и дека со поддршка под 2 отсто од граѓаните, со интерпелација и барање од пратениците, сепак не си поднесува оставка.
Тој додаде дека, според ВМРО-ДПМНЕ, столбот на криминалот на опозициската партија е во обвинителството, и таа јавно застанала во одбрана на Коцевски за да ги заштити поранешните функционери.
Петрушевски рече дека главниот обвинител е целосно делегитимиран и нема интегритет за функцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа