Пешевска: Шест бесплатни ин витро оплодувања – плод на соработката со граѓанскиот сектор

 


„После години поминати рамо до рамо со граѓанскиот сектор, со дел од приватните клиники за ин витро оплодување, со активистите, со секој родител кој со солзи сведочеше. Многу работни средби, јавни расправи, искрени разговори вродија со плод“, вели претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска за владината мерка – 6 бесплатни ин витро оплодувања на трошок на Фондот за здравствено осигурување.

„Оваа Влада покажа дека кога граѓаните зборуваат, институциите слушаат. Кога постои волја за соработка, постои простор за промена.

Верувам дека токму оваа мерка ќе биде поттик за раст на наталитетот, но уште поважно – ќе биде искра за надеж и остварување на еден благороден сон, а тоа е бебешки плач во секоја празна соба“.

Го поздрави носењето на законот.

„Упатувам јавна благодарност до сите што беа дел од ова патување, особено до здружението “До бебе по пат на инвитро” за сите доставени ресурси, статистики, истражувања и идеи за реализација на оваа мерка“, истакна Пешевска.

11.07.2025 - 12:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега