Перински: Подготвени сме да поддржиме суштинска промена – преку дела, а не само со зборови

 


Најголемиот приоритет на оваа Влада е справување со корупцијата, напиша министерот за локална самоуправа Златко Перински на Фејсбук.

Време е да покажеме дека сме подготвени да поддржиме суштинска промена – преку дела, а не само со зборови, истакна Перински.

„Денеска се одржа Советодавен одбор за проектот „Заедници за интегритет“, кој се имплементира од Националниот демократски институт, со финансиска поддршка од амбасадите на Швајцарија и Шведска, преку кој ќе се делува во борба против корупцијата“, посочи Перински.

Минисатерот нагласи де се свесни за тежината на предизвикот, но уште поважно – подготвени се активно да делуваат во насока на создавање поотчетни локални институции и доверба меѓу граѓаните и власта.

 

„Како член на Советодавниот одбор, стојам на располагање за сите активности поврзани со овој проект, да овозможам поддршка каде и да е потребна – преку координација или дијалог со локалните самоуправи“, потенцираше Перински.

25.04.2025 - 11:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега