Перински: Дигитализацијата е клуч за подобрување на јавните услуги и привлекување инвестиции
Министерот за локална самоуправа Златко Перински на денешниот настан MeetUp 2025, организиран под франшизата на The Economist - „The Economist MeetUp“, посветен на зближување на бизнис заедницата во земјава, на која преку панелни дискусии се дебатираше за дигитализацијата, технологиите, општествената одговорност и трговската рзмена во регионот и ЕУ кажа дека дигитализацијата овозможува полесен пристап до информации, подобрување на јавните услуги, поголема транспарентност и поефикасна комуникација помеѓу институциите, бизнис секторот и граѓаните.
„ Несомнено дека дигитализацијата на општинските и административните служби претставува клучен чекор кон потранспарентна, побрза и поефикасна администрација, па во таа насока веќе преземаме конкретни мерки за дигитализација на услугите. Досега 23 општини и Град Скопје се поврзани со ЛоГес системот, а планот е до 2026 година сите општини да се дигитализираат целосно. Комплетна дигитализирана локална самоуправа, ќе отвори нови можности за инвестиции, работни места и економски раст, создавајќи поатрактивна деловна средина. Партнерството меѓу општините и приватниот сектор е силен катализатор за постигнување заеднички успех и создавање нови можности преку заеднички проекти, затоа, неопходна е континуираната соработка помеѓу општините, Владата, бизнис секторот и граѓаните. Таа синергија е клуч за успешна и просперитетна иднина за сите нас“, кажа Перински.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа