Пекол жешко: Измерени 42 степени - ако сакате да се освежите одете на Шапка

 

Највисока температура од 42 степена денеска е измерана во Гевгелија, 41 во Велес, а 40 во Скопје, Демир Капија и Струмица. Најсвежо е на Попова Шапка со 24 степени.

УХМР и за утре најавува сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.

23.07.2025 - 18:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега