Пеце Мирчевски однесен во полициска станица

 

Поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски, е уапсен и однесен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Управата за финансиска полиција му отвори истрага за злоупотреба и финансиски малверзации извршени за време додека бил директор, пренесува Фокус.

Заедно со Мирчески уапсен е и сопственикот на рент-а-кар сервисот ВИП, кој е опфатен со истата истрага.

Поточно, едно од делата поткуп за кое се товари Мирчевски е поврзано со фирмата „В.И.П. сервис дооел“ на второосомничениот Горјан Пехчевски којашто соработувала со службата и која се занимава со изнајмување возила.

Откако ќе дадат свој исказ во станица, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

05.02.2025 - 17:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега