Партијата на пензионерите повикува: Сите пензионери да излезат на бојкот на маркетите

 

Партијата на пензионери даде поддршка за бојкотот кој е најавен за во Петок на маркетите, поради високите цени.

- Партијата на пензионери во потполност ја разбира и ја поддржува граѓанската иницијатива за бојкот на маркетите на ден 31.01.2025 г., на која се повикува на социјалните мрежи во земјата. Пензионерите како една од економски најзагрозените категории во општеството, длабоко е засегната од вкоренетата пракса на огромен број на трговци и трговски ланци за манипулација и изигрување на Законот за нефер трговски практики, што дефинитивно претставува акт за најостра осуда. Затоа Партијата на пензионери во целост ја поддржува иницијативата и ги повикува своите членови, сите пензионери и граѓани да го покажат својот став со конкретна акција за бојкот на сите оние кои на грбот на сите нас остваруваат енормни, нефер и неетички финансиски профити, велат од таму преку соопштение.

Партијата на пензионери преку соопштението бара и ја поддржува Владата во преземања на крајни и ефикасни мерки за конечно и долгорочно решавање на оваа константна пракса на трговците во земјата.

- Чесно, Сплотено, Одлучно !!!, велат од Партијата на пензионери.

Инаку, како што веќе објавивме, за петок, 31. Јануари, е најавен голем бојкот на големите маркети поради зголемувањето на цените на производите.

- „Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“ велат организаторите на бојкотот на социјалните мрежи. 

Освен во Македонија и во БиХ граѓаните најавија бојкот на супермаркетите и продавниците за 31 јануари, а слични повици има и во Црна Гора.

Хрватска која веќе организираше протести за големите цени во маркетите е инспирација за овие повици.

29.01.2025 - 08:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега