Партија на пензионери со поддршка за Мицкоски: Законот за работно ангажирање на лица е голем исчекор напред
Партијата на пензионери во потполност ја поддржува Владата во врска со најавата на премиерот Мицкоски за изработка и ставање во процедура на предлог на Закон за работно ангажирање на лица, со кој ќе се регулира работното ангажирање на студентите и пензионерите во формалната економија.
- Напоменуваме дека Партијата на пензионери во повеќе наврати досега предлагала овакво решение, со кое ќе биде регулиран работниот однос на оние лица кои се пензионери и студенти. Со оглед на хроничниот недостаток на работна сила во скоро сите сегменти на македонската економија, како и самиот факт дека досега ваквото ангажирање се одвивало како дел од сивата економија, каде што сите инволвирани како работодавачите, пензионерите, студентите но и самата држава беа губитници, донесување на вакво законско решение претставува голем исчекор напред во секој поглед за големата пензионерска популација но истовремено и за подобрување на повеќе од скромниот студентски стандард на сите студенти, како искрен влог на сите нас во нашата иднина т.е. младите. Партијата на пензионери, посебно го поздравува фактот што во предлогот на новиот Закон има поддршка и од парламентарната опозиција, што дополнително дава значење на истиот, велат од Партијата на пензионери.
Според нив, со ова законско решение, дефинитивно ќе има зголемување на јавните приходи по основ на даноци и платени придонеси, а истовремено ќе се придонесе и за сузбивање на неформалната сива економија, со што уште еднаш потенцираме дека ја има потполната поддршка од страна на Партијата на пензионери.
- Чесно, Сплотено, Одлучно !!!, велат тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа