Парис Хилтон почнува кулинарска серија со селебрити-пријатели како гости

 

Парис Хилтон ќе има сопствена емисија за готвење на „Нетфликс“.

40-годишната наследничка на синџир луксузни хотели ги здружи силите со стриминг-гигантот за Cooking With Paris – базирана на нејзиното истоимено видео на „Јутјуб“. Серијата ќе се емитува на глобално ниво со шест получасовни епизоди и треба да почне на 4 август.

Во новиот проект Парис, која не е школуван готвач, ќе поканува славни пријатели во нејзиниот дом додека се обидува да им зготви оброк, пренесува „Вараети“.

Таа ќе биде и извршен продуцент на серијата, заедно со Адам Седмен, Ели Холцам и Ребека Херц.

Макфакс

14.07.2021 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега