Папата се уште е во животна опасност
Папата Франциск, кој речиси три недели се бореше со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, објави Ватикан. Светиот Отец беше примен во римската болница Гемели на 14 февруари со тешка респираторна инфекција која бара континуиран третман. Ватикан во вторникот извести дека Франциск ќе биде повторно приклучен на неинвазивна механичка вентилација во текот на ноќта, што би требало да му помогне полесно да дише, што укажува дека третманот за оваа опасна болест продолжува. „Папата добро се одмори во текот на ноќта“, објави Ватикан, додавајќи дека Франциск се разбудил нешто по 8 часот наутро. Кога папата е здрав, тој обично го започнува работниот ден пред зори.
Во понеделникот, папата претрпе две епизоди на „акутна респираторна инсуфициенција“. Од вторник, здравствениот билтен е пооптимист. Во текот на денот папата беше стабилен и немаше нови проблеми со дишењето, но неговите лекари повторуваат дека тој сè уште не е надвор од животна опасност. Светиот Отец не е виден во јавноста откако минатиот месец беше однесен во болница. Ова е негово најдолго отсуство од јавниот живот откако го презеде папството пред 12 години. Неговите лекари не кажаа колку долго може да трае третманот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа