Пакистан ги затвори границите со Иран
Пакистан ги затвори сите гранични премини со соседен Иран на неодредено време, потврдија покраинските власти, а Израел и Иран разменуваат интензивен оган и се закануваат со понатамошни напади.
„Граничните премини во сите пет области се затворени“, изјави Кадир Бакш Пиркани, висок функционер во покраината Белуџистан, која граничи со Иран, за АФП.
Од Техеран за време на викендот беше испратена порака дека Пакистан ќе го нападне Израел со нуклеарно оружје во случај на израелски нуклеарен напад врз Иран.
Зборувајќи на државната телевизија, генералот Мохсен Резаи, висок ирански воен командант и член на Советот за национална безбедност, рече дека Пакистан се согласил да го поддржи Иран и да почне нуклеарен напад во случај на израелски нуклеарен напад.
„Пакистан ни кажа дека ако Израел употреби нуклеарна бомба врз Иран, тогаш и Пакистан ќе го нападне Израел со нуклеарна бомба“, рече Резаи.
Сепак, Пакистан го негира тврдењето. Пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Мухамед Асиф, рече дека Пакистан не презел таква обврска.
„Нашите нуклеарни капацитети служат за доброто на нашиот народ и за одбраната на нашата земја од непријателските планови на нашите непријатели. Ние не водиме хегемонистичка политика против нашите соседи како што Израел прави обилно овие денови“, рече Асиф.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа