Паднаа на дело: Охриѓани фатени при примопредавање дрога
Вчера во 20.30 часот на улицата „Богомилска“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, ги лишија од слобода Е.С.(31) и М.Л.(29), двајцата од Охрид.
Тие беа затекнати во момент кога М.Л. на Е.С. му предал две пакувања со марихуана, кои ги исфрлил откако ги забележал полициските службеници, а кои подоцна беа пронајдени.
По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
24.06.2025 - 13:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа