Отстранила 5 слоеви на тапети од ѕидот и открила морничава порака: „На тој датум ми е роденден!"

 

Англиската комичарка позната под името Лубобанг на почетокот на 2021 година се вселила во својот нов дом, па веднаш започнала да реновира и дојде до интересно откритие.

Таа своето видео го сподели на својот Тик Ток профил. Лубобанг ги отстранила старите слоеви тапети од ѕидовите кога открила морничава порака.

„Денес за првпат се почувствував малку нервозно и поради тоа ги отстранив сите тапети. Тргнав пет слоеви пред да стигнам до ѕидот. Додека стружев, открив дека некој на ѕидот има пишувано и се запрашав што би можело да биде. Натписот гласеше "10 септември-судниот ден", рекла Лубобанг.

Но, иако поголемиот број на луѓе би го занемариле тоа, скриената порака прилично ја вознемири новата сопственичка.

„Причината поради која пораката ме исплаши е што на тој датум ми е роденден", објаснила Лубобанг.

Нејзиното видео е прегледано повеќе од 87.000 пати откако било споделено.

@loubobang

#fup #fyp #foryoupage #tiktok #comedian #loubobang #georgianhouserenovation #realwork

 The X Files Theme - John Beal

10.08.2021 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега