Откажани стотици летови и затворени јавни паркови во Кина поради силните ветрови и заканата од песочна бураОбјавено

 

Пекинг откажа стотици летови и ги затвори јавните паркови поради силните ветрови и заканата од песочни бури.

Некои делови од земјата ги забележаа своите најмоќни ветрови во последниве 75 години, со брзина до 148 км на час.

Невремето собори стотици дрвја, коштетени се автомобили и постари домови низ главниот град на Кина.

Двата огромни меѓународни аеродроми, Пекинг Капитал и Даксинг, откажаа 693 летови до 14 часот по локално време, со предупредувања за лоши временски услови на патот, особено во северниот дел на земјата и покрај крајбрежните области.

Повеќе летови и возови беа откажани во другите делови на Кина. 

Откажани се и фудбалските натпревари и другите настани на отворено.

 
12.04.2025 - 14:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега