Опасен криминалец осуден за убиство избега од затвор

 


Косовската полиција интензивно го бара Ѓорѓе Радомировиќ (34) од Нови Пазар, кој на 7 август околу 15:45 часот побегнал од затворот во Северна Митровица. Тој е осуден на 14 години и шест месеци затвор за убиство, а до истекот на казната му остануваат уште три години и седум месеци.

Полицијата апелира до граѓаните да бидат внимателни и доколку го забележат, веднаш да се јават на 192.

 

Кој е Ѓорѓе Радомировиќ?

 

Радомировиќ е познат како опасен криминалец со богато досие, кое вклучува тепачки, кражби и вооружени грабежи. Во 2014 година, тој извршил убиство пред кафуле во близина на Лепосавиќ, при што застрелал двајца браќа. Едниот починал на пат кон болница, а другиот преживеал.

Во моментот на бегството, Радомировиќ бил во работилницата на затворот. Полицијата ги зголеми безбедносните мерки и постави контролни пунктови низ северно Косово.

08.08.2025 - 13:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега