Охридскиот градоначалник на средба со шпанскиот амбасадор: Можна нова линија Скопје-Мадрид
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари средба со Амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Рафаел Сориано Ортиз.
Пецаков информира дека на работната средба биле разменети мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, како и можноста за воспоставување нова авионска линија од Скопје кон Мадрид, по веќе воспоставената Скопје-Барселона. Тоа би значело поголем број на шпански гости на Охридската ривиера.
Високиот гостин од Шпанија го информирал градоначалникот Пецаков дека шпанската Влада има обезбедено грант од милион евра наменет за реконструкција на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро како природна реткост заштитена од УНЕСКО. Станало збор и за физибилити студијата за прочистителни станици за заштита на езерото, а изработена од етаблирана шпанска компанија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа