Од утре привремен сообраќаен режим во Влае: Започнува испитување на надземниот премин „Влајко“

 


Од утре во 7.30 часот ќе почнат работни активности - стручни мерења за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ во населбата Влае и заради безбедност ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Се очекува да трае седум работни дена и да се реализира во две фази.

Како што соопшти Општина Карпош, во првата фаза се предвидува затворање на дел од булеварот „Партизански одреди“ „по принципот лента по лента, во насока исток – запад, поточно во правец кон населбата Ѓорче Петров“.

-По завршување на првата фаза, ќе следува затворање на сообраќајот во насока запад – исток (кон Центар), исто така по принципот лента по лента. Во текот на изведување на работите, сообраќајот на тој потег ќе се одвива непречено, согласно сообраќајната сигнализација и опремата која ќе биде времено поставена, на која ќе биде означено прописно ограничување на брзината на движење од 30 километри на час. Се предвидува овие активности да се одвиваат во период од седум работни дена, а по нивното завршување да биде воспоставен првобитниот режим на сообраќај, информира Општина Карпош. 

Општината апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат и да се приспособат кон привремениот сообраќаен режим и однапред им се заблагодарува за разбирањето.

28.07.2025 - 09:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега