Објект продаден, а не предаден: Тетовец пријавен за измама откако зел пари и избркал геодети
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во текот на 2024 година, 61-годишник од Тетово се договорил со пријавениот од него да купи дел од објект за сума од 22.000 евра.
Тие потпишале договор и оштетениот му ги дал парите, а откако во објектот отишле геодети да направат мерење и поделба на објектот, Р.А. незадоволен од мерењето ги набркал геодетите.
До пријавувањето на настанот во април 2025 година, Р.А. не дозволи да се направи поделба на објекто, ниту пак му ги вратил парите на оштетениот.
12.06.2025 - 16:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа