Новиот европски пакет санкции ќе биде готов следниот месец
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, изјави дека ЕУ ќе продолжи да презема мерки против воената економија на Русија и дека следниот пакет санкции против Москва ќе биде готов следниот месец.
Калас тоа го објави на Х по виртуелниот состанок на европските лидери за војната во Украина. Разговорот се одржа еден ден откако украинскиот претседател и неколку европски лидери се сретнаа со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.
Калас рече дека „единството меѓу лидерите на ЕУ на денешниот виртуелен состанок беше очигледно“ и дека темите за безбедноста на Украина и санкциите против Русија беа високо на агендата за разговорите следната недела, кои ќе ги водат министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ.
„На Путин не може да му се верува дека ќе одржи какво било ветување или обврска. Затоа безбедносните гаранции мора да бидат силни и сигурни за да ја одвратат Русија од реорганизирање и повторно напаѓање“, напиша таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа