Нов модерен парк никнува во Кисела Вода - се преуредува поранешна депонија

 


Се работи за изградба на нов, голем парк кој до вчера беше депонија и кој за кратко време од сега ќе биде преуреден во ново катче кое ќе понуди содржини за сите генерации.

Го уредуваме со парковско зеленило и дрвца, урбана опрема, осветлување и модерно детско катче каде најмлaдите жители од нашата општина ќе можат да уживаат во својата игра.

Сето ова, хортикултурно ќе го уредиме за да изгледа уште поубаво. Сакам да се заблагодарам на општествено одговорната компанија за оваа вредна донација, која ги препозна нашите заложби за чиста и зелена општина. Овој пример, треба да го следат и другите.

Исто така, огромна благодарност до министерката за образование Весна Јаневска, која заедно со директорката на училиштето Александра Јаковчевска овозможија овој запуштен простор и депонија, да стане модерен парк кој покрај дечињата од училиштето, ќе можат да го користат и жителите од овој дел на општината.

За скоро време, граѓаните од овој дел на Кисела Вода добиваат катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено.

Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

30.04.2025 - 11:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега