Нов хорор во Штип: Сопругот ја фатил за врат, па таа замавнала со нож и го избодела

 


Вчера во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за вршење семејно насилство и дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 71-годишен сопруг.

Имено, според пријавеното, во домот настанала расправија помеѓу нив, при што сопругот ја фатил за врат, а таа му возвратила со напад со остриот предмет.

Тој бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување помош, а таа била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот  против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

08.08.2025 - 13:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега