Нов хит на „Слагалица“: Натпреварувач со својата духовита асоцијација ги насмеа гледачите

 

Семејниот квиз со повеќедецениска традиција, покрај бројните таленти истакнува и по некој комичар.

За некои и до ден-денес се зборува - некои успеале да го насмеат Балканот без зборови, само со своите фацијални експресии, а некои ги паметиме по само еден одговор. Во секој случај, натпреварувачите на српскиот квиз секогаш се кандидати за тоа да бидат запаметени, некои искрено засакани и цитирани.

Една од неодамнешните снимки која измами насмевка кај гледачите е споделена на Твитер.

Имено, во играта Асоцијација, црвениот натпреварувач имал необична асоцијација. Кога на полето А1 се отворил зборот „управа“, тој изговорил „надвор“, самиот смеејќи се на одговорот.

Со тоа, натпреварувачот алудирал на скандирањата на фудбалските стадиони кога навивачите ги повикуваат членовите на управата да си дадат оставка.

02.09.2021 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега