Што ќе се случува вечерва во Музејот на град Скопје?
Во Музејот на град Скопје, вечерва во 21 часот ќе биде отворена меѓународна изложба на уникатен накит, слики и скулптури „Сараево во Скопје, пријателство кое трае“ на уметниците Миа и Адин Хебиб и Едина Селесковиќ од Босна и Херцеговина.
На изложбата ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, како и амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во нашава земја, Здравко Беговиќ, а изложбата ќе биде реализирана како дел од културните настани во рамки на 35. Скопско лето 2014.
27.06.2014 - 09:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа