Ново возило за зимско одржување на улици и патишта во Општина Илинден
Во општина Илинден беше презентирано новото возило за зимско одржување на улици и патишта како дел од шестата форумска сесија од проектот Форуми во заедницата кој е реализиран во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и со Центарот за одржлив развој Алка.
Општина Илинден за овој проект има обезбедено 5 000 000 денари, додека финансиската поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка изнесува 2 400 000 ден.
Свеченото пуштање во употреба на возилото го извршија градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски и директорот на Центарот за одржлив развој Алка Жарко Џипуноски.
Граѓаните на општина Илинден во текот на петте форумски сесии одлучија дека ова е најприоритетен проект за сите 12 населени места во Општината. Со набавката на ова возило значително ќе биде олеснето движењето на граѓаните во зимскиот период. Возилото е од типот Мерцедес и се состои од камион кипер, посипувач за сол и преден плуг
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа