Жерновски: На сомнителен начин се продава една од најатрактивните парцели во Центар

 

Општина Центар е изненадена од потегот на Министерството за транспорт и врски со објавување оглас за продажба на градежна парцела на плоштад „Македонија“.

 „Повторно за багателна цена и на сомнителен начин,  се продава  една од најатрактивните парцели во строгиот Центар на Скопје“, изјави на прес конференција, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

 Сакаме, рече, јавноста  да знае зошто брзаат со овој оглас за продажба :

-Поради најавената ревизија на Деталниот урбанистички план, централната власт се обидува ова да го пресретнe,

-При крај е процедурата за уредување на градежното земјиште, кое конечно треба да се врати во владение на општина Центар,

-Поради тоа што добро знаат дека ДУП-от е во спротивност со позитивните законски прописи и со Уставот.

 „Сакам да упатам јасна порака до инвеститорот добро да размисли бидејќи, веќе следната недела следува ревизија на Деталниот урбанистички план. Одобренија за градба нема да се издаваат се до конечната ревизија на ДУП-от, за кој, општината цени дека дека не е во согласност со Генералниот урбанистички планУП-от и намената на оваа површина е спорна. Одлуката е спротивна на законот и Уставот, затоа што изменувањата и дополнувањата на Деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“, не се во согласност со Генералниот урбанистички план на град Скопје.

 Претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, најави дека на првата наредна седница, Советот на општината ќе го разгледува Деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“.

 Инаку земјиштето кое е огласено од страна на Министерството за транспорт и врски зафаќа површина од 1.046 метри квадратни, а е наменето за изградба на објект со приземје и три ката, со бруто површина од 3.780 квадратни метри.

 Почетната цена ќе биде 6.000 денари за метар квадратен. Субјектите кои ќе бидат заинтересирани да учествуваат на електронското јавно наддавање, ќе мора да достават банкарска гаранција од 100 илади евра.

Градбата треба да заврши во период од 6 години од добивањето на градежната дозвола. Најповолниот понудувач е должен проектот да го изработи врз основа на Идејното решение за фасадно обликување, кое е објавено на сајтот на Министерството за транспорт и врски, во барок-стил во рамките на проектот „Скопје 2014“.

 Објектот е предвиден да биде наменет за комерцијални и деловни намени.

Интегрален текст од изјава на Андреј Жерновски.

 

најчитано сега