ВИДЕО: Со ова видео 10-годишното девојче го спаси животот на својот татко
Грегори Ванс со своите пријатели седел во дворот кога наеднаш започнало страшно невреме и врз нив паднало големо дрво. Поради силниот ветер и дождот, телефонските сигнали биле блокирани.
Па неговата ќерка 10- годишната Брајана на својот Фејсбук профил објавила статус со кој успеала да го спаси својот татко во последен момент.
- "Гром удри во дрво во нашиот двор и мојот татко е речиси мртов. Потребна му е итна помош, ве молам, помогнете ни! Живееме во жолта куќа", објавила Брајана низ солзи на видеото кое го споделила на социјалната мрежа.
Некои од нејзините пријатели го виделе нејзиниот апел, повикале итна помош, и човекот веднаш бил пренесен во болница. Ванс има повреди на главата, грбот и вратот, и веројатно ќе починел доколку не било видеото на неговата ќерка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа