Заев и Шекеринска одат во Брисел
Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска во четврток ќе престојуваат во Брисел.
Како што информираат од партијата, предвидени се средби во Партијата на европски социјалисти (групацијата на социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии од Европа) по што ќе следува и состанок со комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.
Заев и Шекеринска ќе стават акцент на актуелната политичка ситуација во Македонија, по криминалните избори во Македонија и можните излезни решенија што ги предлага Социјалдемократскиот сојуз.
04.06.2014 - 10:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа