ВМРО ДПМНЕ: СДСМ со години работи на штета на Македонија

 

Единствената работа со која се занимава СДСМ неколку години наназад е да креира проблеми и политички кризи на штета на сопствената држава, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на Радмила Шекеринска од СДСМ.

- СДСМ наместо да се насочи кон креирање на програми, идеи, концепти и проекти или закони во полза на граѓаните, веќе подолго време единствено што работи е свесно, директно и смислено да создава политички проблеми и криза во Република Македонија, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ со своето нерационално однесување свесно и директно им помага на сите оние кои не и мислат добро на Република Македонија.

02.06.2014 - 17:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега