Петров и Данева се отворија: Големи се проблемите во СДСМ
Сериозна е поделеноста на Бихаќка, велат поранешните високи партиски функционери, денеска обични членови на СДСМ. Екс генералниот секретар Андреј Петров вели дека не и право опструкции на партијата и го почитува ставот на Конгресот но уверен е дека на Бихаќка има сериозни проблеми.
„Простото лепење меѓу луѓето не е решение на проблемот. Станува збор за сериозни концептуални разлики. Што се однесува лично до мене јас нема да правам никакви опструкции. Му честитам на раководството и му посакувам среќа во работата. Во духот на демократијата мнозинството одлучува. - вели Андреј ПЕтров за Утрински весник
Петров вели дека поделеноста во СДСМ е многу поголема од резултатите што ги покажа гласањето на Конгресот.
Но и да е таква, како што велат бројките, поделеноста е огромна. Јас навистина не знам како може да се балансираат преголемите разлики во гледиштата кои сега испливаа, а беа наталожени подолго време. Јас останувам во СДСМ. Тоа била и ќе биде мојата партијата “, вели Петров.
Пораншниот потпретседател на партијата, Ана Павловска Данева за Утрински вели дека не се согласува со начинот на кој раководството ја води партијата и од таа причина се однесува исто како секој активист на СДСМ, но не бара повисоки функции.
„Јас никогаш не сум зборувала за кадровската политика. Исклучиво сум била фокусирана, а во таа насока беше и мојот говор на Конгресот, на концептот и политичката стратегија на мојата партија. Од јуни минатата година немам никаква функција во партијата. Искрено, ниту, пак, мислам дека треба да добијам, затоа што јасно кажав дека не се согласувам со начинот на кој раководството ја води партијата.
Силвана Бонева беше практично растргната од опозицијата со низата афери кои излегоа во јавноста. Нешто слично се случуваше и со Трајко Вељаноски по настаните на 24 декември. Но и двајцата ги задржаа своите позиции на пратеник и претседател на Собранието. Тоа е видлив доказ како ВМРО-ДПМНЕ се грижи за своите кадри. За жал, тоа не е случај со СДСМ“, вели Данева за Утрински
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа