Група на Фејсбук го спаси животот на двегодишно детенце - еве што се случило

 

Кога Кристи Хардинг на Фејсбук налетала на страница направена за апел за помош на двегодишно девојченце кое пати од ретко генетско пореметување, кое и влијае на бубрезите, решила да и подаде рака и да и помогне.

Оваа девојка стапила во контакт со болницата во Минесота, каде девојчето се лекувало, со цел да види што може да направи за да и помогне. На двегодишната Ариана Мур и бил итно потребен бубрег за да преживее, а среќната вест била дека бубрегот на хуманата Кристи ќе и одговара и ќе и го спаси животот, пренесува Хафингтон пост.

Иако за жената девојчето е потполен странец, таа поминала 2.500 километри за да ја спаси. Наскоро, на седми идниот месец ќе и донира бубрег со што оваа приказна ќе заврши среќно.

Па, ова е доказ дека и покрај суровиот свет во кој живееме, се уште постојат луѓе кои знаат да помогнат и да подадат рака. Браво за оваа девојка која ќе спаси детски живот.

01.05.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега