Оваа такси компанија во недела ќе вози бесплатно на гласање
Жителите од Скопје во недела (27-ми април) во текот на гласањето во периодот од 8 до 10 часот претпладне ќе можат бесплатно да ги користат такси услугите на радио такси „КОММАК-КОМЕРЦ" на повик на телефонскиот број 151-93 од своите домови до гласачките места, пишува Портал.
Ваквата одлука на компанијата е со цел да придонесе за поголема излезност на гласачките места во град Скопје, па такси службата „КОММАК-КОМЕРЦ" решила да им излезе в пресрет на сите оние граѓани избирачи кои имаат потреба од превоз.
Претпоставка на компанијата е дека во колку бидат навремено известени граѓаните на град Скопје за бесплатниот превоз во недела во периодот од 8 до 10 часот ќе бидат остварени голем број повици при кое би биле превезени стотици гласачи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа