ФОТО: Доделени ваучери на 40 новороденчиња од Кисела Вода
Нови 40 семејства со принова од Кисела Вода денеска добија ваучери во вредност од 6.000 денари од општината.
- Општина Кисела Вода со досега доделените 426 ваучери прави чекор напред во надминувањето на глобалниот проблем, падот на наталитетот, информира општина Кисела Вода.
Потребните критериуми кои треба да бидат исполнети за добивање еднократната парична помош се и двата родители да се со живеалиште на територијата на општина Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), Извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.
Еднократната парична помош се доделува 9-ти пат. Овој проект од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе се спроведува се до истекот на четиригодишниот мандат на градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа