Во Македонија „врие" од туристи од Турција - Скопје најатрактивна дестинација

 

Убавините на Македонија привлекуваат се поголем број туристи. Статистичките податоци говорат дека во 2012 година Македонија ја посетиле 351.359 странски туристи, а во текот на минатата година оваа бројка се зголемила за над 15 проценти.

Според туристичката агенција „Генералтурист“ минатата година најбројни во Македонија биле туристите од Турција, а само преку нивните аранжмани во земјата престојувале над 8000 турски државјани. Турците најмногу ги привлекува градот Скопје, а трошат повеќе парични средства во земјава отколку кои било странски туристи кои ја посетуваат.

Македонците во Турција, пак, најчесто ги посетуваат разните приморски дестинации, особено Анталија, Бодрум и Кушадаси кои нудат одличен одмор и забава, или Памук Кале, Ефес, Кападокија и други егзотични археолошки локалитети.

11.03.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега