Е ова е криминален ум - скопјанец продавал рента кар возила
39-годишниот скопјанец А.М. заработи кривична пријава бидејќи мамејќи заработил 2.390.500 денари.
Според информациите од полицијата, А.М. во периодот од 24-ти до 26-ти февруари со лажна лична карта на има Игор Костов, која ја изработил негов пријател А.А., изнајмил две возила од две различни Рента кар компании. Од “Далас Кар“ од Скопје изнајмил патничко мотороно возило марка „Форд Транзит“ за сума од 300 евра, како и возио„Голф 6“ од „Астра-Рента-Кар“ од Прилеп, подружница Астра Рента-Кар Скопје, за сума од 300 евра. За нив скопјанецот потпишал Договори за наем на возило за користење во време трање од три дена.
Но, скопјанецот немал намера да го испочитува договорот. Тој го продал Фордот во Гостивар за сума од 3.000 евра, а Голфот во Битола за сума од 5.000 евра. Оригиналната сообраќајна дозвола и оригиналните регистерски таблички од возилото „Форд Транзит“ ги фрлил кај Сарај на мостот на река Вардар, а документите од „Голф 6“, сообраќајна дозвола со невистинита содржина на име Костов Игор, како и лажната лична карта ги запалил на излез од Битола.
А.М. на неговиот пријател А.А. за лажните документи му исплатил вкупно 2.200 евра.
А.М. е познат криминалец. Против него се поднесени вкупно 18 кривични пријави и изречени му се вкупно 13 казни затвор и една условна осуда. Овој пат заработи мерка притвор во траење од 30 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа