Полицијата демне - девет сообраќајки на скопските улици

 

Вчера на подрачјето на Скопје се случиле девет сообраќајки. Од нив, пет незгоди се со последица материјална штета, а четири со последица телесна повреда во коишто со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила, двајца сопатници во возилата и двајца пешаци.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 13 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, шест возачи кои поминале на црвено светло на крстосниците, две возила се исклучени од сообраќај поради утврдена техничка неисправност на возилото и двајца возачи се исклучени од сообраќај поради тоа што ги управувале возилата под дејство на алкохол.

За денеска има најава за спортски натпревар со почеток во 19 часот на фудбалската арена „Филип Втори Македонски“ каде ќе се одигра пријателски фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Летонија. Сообраќајната полиција презема мерки за сообраќајно обезбедување, што значи дека од 16 часот на крстосницата од улиците „Аминка 3“ и „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ ќе се врши селективно пропуштање на возилата кои се движат кон фудбалската арена. Ќе се пропуштаат возила само коишто поседуваат пропусница издадена од Фудбалската федерација на Македонија, а останатите возила ќе се насочуваат кон ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“. Истовремено ќе се преземаат мерки за дислоцирање на возилата коишто ќе бидат затекнати на просторите околу фудбалската арена. 

 

05.03.2014 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега