Се градат куќите кои изгореа во Циглана
Општина Бутел започна со изградбата на опожарените куќи во Циглана.
Помош за опожарените станови стигна од Владата, градот Скопје, од министерствата за труд и социјала и транспорт и врски, како и ПУИГ. Општина Бутел по распишаниот тендер за изградба на 26 станови, изведбените работи му ги додели на најповолниот понудувач, на градежната фирма „Галаб“ од Скопје, а се работи за инвестиција вредна 17.000.000,00 денари.
Кон крајот на минатата и почетокот на оваа година се случија повеќе пожари на територијата на општина Бутел.
28.02.2014 - 10:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа