ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ е наша прва опција за претседателските избори
ВМРО-ДПМНЕ останува прва опција за договор за претстојните претседателски избори заклучило синоќа Централното претседателство на ДУИ. Како што предмалку соопшти портпаролот на партијата- коалиционен партнер во владата, ДУИ останува на барањетоз а консензуален кандидат и за ова прашање очекува договор со владејачката партија од македонскиот блок.
Втора опција за интегративците се внатре-етничките коалиции а под број трис е става можноста за било какви разговори со опозицијата. Доколку и тоа не успее, ДУИ ќе настапи целосно самостојно.
Според Бујар Османи, предвремените парламентарни избори не биле тема на претседателството на партијата. За оваа опција досега немало разговори ниту меѓу Груевски и Ахмети.
Следен состанок на партискиот врв се најавува за два дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа