Шумахер го будат од кома
![](/sites/default/files/styles/large/public/michael-schumacher-650x487-520x389.jpg?itok=2JzkD93a)
Михаел Шумахер во кома може да биде со месеци, но тоа медицински не е корисно бидејќи анестетикот може да наштети.
Легендарниот германски возач Михаел Шумахер веќе 15-ти ден е во вештачка кома во болницата во Гренобл.
Сепак, се чини дека оваа недела биде требало да има некакви промени бидејќи лекарите одлучиле да го будат Шумахер.
-Колку порано се разбуди од кома, толку побрзо ќе се вратат нормалните телесни функции како што е дишењето, вели Хајнц Петер Мецке, управник на болницата во Хамбург, а пренесува германски „Билд“.
13.01.2014 - 22:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа