Трамп потврди нов воен напад врз брод од Венецуела: Убиени тројца, биле наркотерористи
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека американската војска извела уште еден напад врз брод за кој се тврди дека пренесувал дрога од Венецуела кон САД. Во акцијата загинале три лица, за кои Трамп ги нарече „потврдени наркотерористи“.
„Нападот се случи додека овие наркотерористи беа во меѓународни води, пренесувајќи нелегални дроги кон САД“, напиша Трамп на Твитер. Според него, картелите од Венецуела се сериозна закана за националната безбедност, надворешната политика и виталните интереси на САД.
Ова е втор ваков напад за помалку од месец дена. Претходната акција се случи пред две недели, кога загинаа 11 лица. Иако Белата куќа ја оправдува употребата на војската како „неопходна ескалација за да се запре протокот на дрога“, дел од американските сенатори – и од редовите на демократите и на републиканците – изразија загриженост за легалноста на операциите и употребата на воени сили за спроведување на закони надвор од територијата на САД.
Ситуацијата дополнително ја влошува и веќе затегнатите односи меѓу САД и Венецуела. Одговор од официјалниот Каракас засега нема.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа