ДУИ: Изет Меџити бега од оставка

 
На денешната пресконференција на Демократската унија за интеграција, предводена од Имране Велиу, беше упатена остра и јасна порака до кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити.
 
„Граѓаните и целата јавност гледаат една очигледна вистина, Изет Меџити сè уште не се осмелува да поднесе оставка од функцијата заменик-претседател на Владата и министер за екологија. Овој негов став е доказ за стравот од катастрофалниот пораз што го очекува на 19 октомври,“ порача Велиу.
 
ДУИ остро го предизвикува Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори рамноправно, без привилегии на власта и без злоупотреба на државни ресурси.
„Ако е толку сигурен во својата победа, нека им покаже на жителите на Чаир дека има достоинство и храброст. Но сите знаеме, тој е зависен од власта, а не од слободната волја на граѓаните,“ истакна Велиу.
 
ДУИ потсети дека жителите на Чаир не ги заборавиле двете децении на неисполнети ветувања, нефункционална инфраструктура, деградација на урбаниот простор и недостиг на инвестиции.
„Чаир остана заложник на лични и клановски интереси. Две децении граѓаните беа третирани само како бројки за гласови, додека општината назадуваше,“ се нагласува во пораката.
 
ДУИ уверува дека на 19 октомври граѓаните ќе испратат историска порака:
„Крај на измамите, крај на злоупотребите, крај на вечната власт на Изет Меџити!“
 
„Чаир заслужува ново лидерство, визионерски пристап, чесна администрација и модерна општина во служба на граѓаните, а не на кариерата на еден поединец и неговото тесно семејно окружување,“ рече Велиу.
 
Соопштението завршува со силна и јасна порака до јавноста:
„Нема повеќе Изет Меџити! Нема повеќе измами! Нема повеќе изгубени 20 години!“
11.09.2025 - 17:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега