Приведени три лица, при претрес на возилата пронајдена е дрога
На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22) од Кочани. На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
сто така, на 18.08.2025 во 22:00 часот во Грдовци, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Г.П.(32) и А.А.(29), двајцaта од Виница. Полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал Г.П., а сопатник бил А.А., при што забележале дека сопатникот од возилото фрлил пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено. Додека, при преглед во возилото биле
пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и грендер.
Лицата биле задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа