Шукова и Трајковски на средба со граѓани во Кисела Вода: Ветуваат завршување на булеварот „Борис Трајковски“ и подобра хигиена

Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кисела Вода, Горан Трајковски синоќа одржа средба со граѓаните на Кисела Вода, каде разговараше за решенијата за клучните проблеми со кои се соочуваат.
-Приоритет број еден за Кисела Вида е конечно завршување на проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ целосно, до Драчево. Фазата на проектот кој започна во време на СДСМ, но со години тапка во место поради негрижата на локалната и централната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Над 50 илјади граѓани се директно засегнати и со право прашуваат зошто булеварот не е завршен со години. Овој капитален проект е симбол на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години, но и моја јасна обврска – како градоначалничка, ќе го завршам булеварот и ќе обезбедам безбедно и брзо поврзување на Драчево., истакна Шукова.
Граѓаните на Кисела Вода реагираат и на лошата хигиена и недостигот од одржување јавните површини. Улици полни со отпадоци, запуштени тротоари и јавни простори се слика што ја остава сегашната власт.
-Хигиената е основна урбана култура и грижа за здравјето на граѓаните. Ние ќе воведеме ред, ќе ги засилиме инспекциските контроли и ќе обезбедиме одговорно одржување на јавниот простор, порача Шукова.
СДСМ, Шукова и Трајковски остануваат на страната на граѓаните – со реални проекти, одговорност и визија за чисто, функционално и хумано Скопје.
31.07.2025 - 11:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа