Страотни пожари во Турција и Грција
Апокалиптилни сцени доаѓат од Турција и Грција, двете земји се на работ на катастрофа по серијата пожари проследени со тропски горештени и екстремно високи температури кои во делови од земјите достигнуваат и над 50 степени.
Во Турција најкритични се североисточните и северозападните делови на Турција, а пожарите кои со денови беснеат се го зафатија еден од најголемите турски градови Бурса каде пожарот зафатил дел од станбените населби, а според турските власти евакуирани се повеќе од 3500 лица, додека пак во борбата со огнената стихија загинати се најмалку 15 лица.
Според министерот за шумарство Ибрахим Џумакли само во Бурса пожарите зафаќаат 3000, а во борбата со огнената стихија се вклучени 2.300 пожарникари со поддршка од повеќе од 850 возила, шест авиони и четири хеликоптери, а повремено биле затворени повеќе автопати кон соседните региони а до сега во целост се евакуирани 19 села.
„Пожарите во јужните провинции Мерсин и Анталија, како и во централната провинција Ушак, во голема мера се ставени под контрола, но огнените стихии во северозападната провинција Бурса и северната провинција Карабук сè уште се премногу опасни” изјави Џумакли.
Во Грција, единаесет региони се под голема закана од пожари. Пожарот кај Крионери, североисточно од Атина е ставен под контрола, ситуацијата во Месинија, во југозападниот дел на Пелопонез, и на островот Китера сè уште е критична. Огнената закана е присутна и на островите Евија и Крит, каде жителите се итно евакуирани. Неколку подрачја се под црвен аларм – категорија 5, што е највисоко ниво на предупредување во земјата, а премиерот Мицотакис изјавил дека се води титанска битка со огнената стихија, додека пак на акрополот во Атина измерени се околу 50 степени.
„Сите државни механизми се активирани за борба против повеќекратни шумски пожари. На оние кои го изгубиле својот имот, им порачувам – државата е со вас” вели Мицотакис.
Во борбата со пожарите и двете земји побараа меѓународна помош, а во негативен прилог одат и метеоролошките прогнози кои најавуваат нови пеколни темератури кои до сега го затворија за посетители акрополот во Атина, а во Во југоисточната турска покраина Ширнак измерени е нов температурен рекорд од 50,5 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа