Ветрот откорна лим од зграда во скопски Центар - паднал врз велосипедист кој се здобил со тешки повреди
Утрово во центарот на Скопје, спроти полициската станица „Беко“, откорнат лим од зграда во изградба паднал врз велосипедист кој во моментот поминувал покрај местото на несреќата. Според сведочења на граѓани, лимената конструкција се одвоила поради силниот ветер.
Велосипедистот се здобил со потешки повреди, а на местото на настанот интервенирала Итната медицинска помош. Очевидци велат дека повредениот бил веднаш пренесен во болница.
Засега нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи за причините за несреќата и за здравствената состојба на повредениот.
15.07.2025 - 11:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа