Во Струмица се одржа протестен марш против загадувањето од депониите

 

 Протестен марш се одржа вечер низ улиците на Струмица во организација на Здружението „Здрава котлина“. во знак на протест поради загадувањето од депониите.

-Народе, време е да ги разбудиме заспаните институции кои во скапо платен сон, бесрамно и мирно си ги префрлуваат надлежностите и задолженијата од еден на друг додека сите се труеме со запалените депонии! Во зима е истата приказна само тогаш прстот е вперен во домаќинствата, а сега во лето не се надлежни и така во круг. А истите актери горат цело време, милиони евра се трупаат на исти места, бизниси со рециклирање на метал се отвараат и фантомски функционираат, институциите се парализирани и замолчени, затоа вечерва излеговме масовно на протестен марш за здив, живот и иднина, беше кажано на вечерашниот протестен марш во Струмица од организаторите Здружението „Здрава котлина“.

Оттаму посочија дека градоначалниците на Струмица, Василево, Босилово и Ново Село со своето молчење и неделување, додека месец и пол гори ѓубре, покажаа дека функцијата им служи само за удобност, не и за одговорност.

14.07.2025 - 22:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега