Ковачки: СДС со виткање кичма ја донесе Македонија до степен на негација од страна на Бугарија
СДС и нивната непромислена политика на виткање кичма ја донесе Македонија до степен на негација од страна на Бугарија. Работи на кои претходно бугарската политика гледала како на невозможни, затоа што се во корен неразумни и неморални за Заев и Филипче се пракса во нивното делување, истакна на прес-конференција Драган Ковачки пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Политиката на Пендаровски, Заев и Филипче и донесе на Македонија бришење на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на ЕП, рече Ковачки.
Ковачки посочи дека сега се гледаат штетите кои СДС ги направи врз државата во целиот свој спектар.
„Дотолку повеќе се гледа колку државата ќе беше дополнително заглавена, доколку ВМРО-ДПМНЕ не се спротиставеше во корен на штетните политики на СДС.
Бришењето на јазикот и идентитетот од Извештајот на ЕП се доказ дека на Бугарија никогаш не и било до Бугари во Устав.
Сосема спротивно, додава тој, тоа е само алатка за целосна негација на државата.
ВМРО-ДПМНЕ упатува порака, дека нема да се помрдне ниту милиметар без да имаме почитување од страна на Бугарија, и гаранции од европските институции“, истакна Ковачки.
Ова, според Ковачки е злоупотреба на ЕУ од страна на Бугарија, и киднапирање на целиот процес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа