„Цаци, готова си“: Инцидент пред домот на Петровска - пратеничката добила закана
Пратеничката од СДСМ и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, доцна синоќа околу 23 часот доживеа непријатен инцидент пред зградата каде што живее. Како што самата потврдила, автомобил со охридски регистарски таблички ѝ го пресретнал патот, а од возилото била упатена вербална закана.
„Зборовите што ми ги упати беа ’Цаци, готова си’“, изјави Петровска. Таа посочи во полициската станица дека нападот доаѓа по пратеничко прашање кое го поставила минатата недела во врска со дете одземено од неговата мајка и доделено старателство на таткото.
Петровска објасни дека нејзиното прашање не се однесувало на самата судска пресуда, туку на постапувањето на службеник од Центарот за социјални работи. Службеникот, без да има таква одлука, се обидел да го одземе детето од мајката и да го предаде на таткото.
Причината поради која е запознаена со случајот е лична: „Самата сведочев во два наврати дека детето не сакаше да се оддели од мајката, бидејќи таа живее кај мене на спрат“, додаде Петровска.
На седницата за пратенички прашања, одржана пред пет дена, Петровска го поставила ова прашање до Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа