Фредериксен: Постои несогласување за Гренланд, но никогаш нема да кажам ништо против САД

 

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека постои несогласување со Соединетите Американски Држави околу Гренланд, но дека таа никогаш нема да каже ништо против Вашингтон.

„Јас сум навистина трансатлантски настроена во срцето и ќе направам речиси сè за да се осигурам дека НАТО останува најважниот сојуз во иднина.  Значи, нема да кажам ништо против САД, и никогаш нема да ме најдете во таа позиција“, рече Фредериксен.

Таа истакна дека постои несогласување за Гренланд, но дека смета дека американскиот претседател Доналд Трамп е „сериозен“ по ова прашање и дека, како и сите други, ќе го почитува суверенитетот на Данска, пренесува британскиот весник „Гардијан“. 

24.06.2025 - 22:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега