ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите
Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„Ова се кадри на другарите на Заев со кои убедливо ќе загуби и на овие локални избори. Луѓе од истата матрица која тепа жени како советникот на Филипче во Кочани, која измислува без докази и клевети, креира хаос и тоне во безидејност.
Нема ниту еден кредибилен предлог за градоначалник и ниту еден кадар кој претставува додадена вредност.
Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа