Лефков: 2 милиони денари за споменик за трагедијата во Кочани

 

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени 2 милиони денари з аизградба на спомен обележје во центарот на Кочани по трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“.

– Денес во Собрание, со амандман обезбедени се 2 милиони денари како првични средства за идејно решение и отпочнување на активности за спомен-обележје во чест на младите кои ги загубија животите во трагедијата во дискотеката “Пулс”.

Ова барање е координирано со родителите на настраданите и произлегува од нивната и нашата заедничка желба – барем дел од болката да ја преточиме во достоинствено сеќавање, а трагедијата да не се заборави.

Ќе биде поставено во централното градско подрачје, и ќе биде тивок сведок на болката, но и силна порака за солидарност, сеќавање и обврска да не дозволиме ваква трагедија никогаш повеќе.

Благодарност до Владата што го прифати амандманот, и до колегите пратеници што гласаа ЗА, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

18.06.2025 - 18:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега